Германски „тинк тенк“: Подобро Грција да замине отколку да не уценува

Од:

Институтот за економски истражувања при Универзитетот во Минхен (ИФО) предвидува дека од вкупната штета од 250 милијарди евра што би била предизвикана со евентуален излез на Грција од Еврозоната дури 77 милијарди ќе треба да бидат санирани од Германија, јави дописникот на МИА од Берлин.

Претседателот на ИФО Ханс-Вернер Син познат по своите заштитнички ставови за германските бизнис интереси за весникот „Гардијан“ изјави дека е глупаво да се биде уценуван од Ципрас и дека би било подобро на Грција да и се дозволи да си замине.

Според Син загубите од излезот на Грција од еврозоната ќе бидат помали од постојаното членство со бескрајни заеми и простувањена долгот.

Според Син најдобар начин да се реши проблемот со Грција е да се организира конференција на која што би можело да се преговара за одложување на долгот.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес во Грција

(ВИДЕО) Пожар во рафинерија во Грција: Железничкиот сообраќај во прекин, наредена итна евакуација

Горан Наумовски

СИРИЗА: Политиката на соработка со Македонија е замрзната

Италија, Шпанија и Грција со мерки за да го спречат масовниот туризам и бројот на туристите

Предраг Петровиќ

Драма во авионот за Грција: Пијан патник се обидел да упадне во пилотската кабина

Горан Наумовски

Серија земјотреси го погодија Крит