Комунистичката партија на Грција се бори за трето место на изборите

Од:

Комунистичката партија на Грција (ККЕ) „силно се бори за третото место“ на изборите на 25 јануари, изјави генералниот секретар на партијата Димитрис Куцумбас во интервју за радио „Вима ФМ“.

Тој исто така рече дека ККЕ ќе биде подготвена како опозиција од самиот почеток, и нема да и даде грејс период на Сириза, која ја обвини дека „ветува толку многу, десно и лево“, јави дописникот на МИА од Атина.

– Сириза не е целосно свесна за она со што ќе треба да се соочи еден ден по изборите затоа што е несигурна партија, и тоа е причината зошто грчкиот народ мора да биде подготвен од првиот ден, истакна Куцумбас и додаде дека е можно Сириза да добие доволно гласови за да формира влада.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес во Грција

(ВИДЕО) Пожар во рафинерија во Грција: Железничкиот сообраќај во прекин, наредена итна евакуација

Горан Наумовски

СИРИЗА: Политиката на соработка со Македонија е замрзната

Италија, Шпанија и Грција со мерки за да го спречат масовниот туризам и бројот на туристите

Предраг Петровиќ

Драма во авионот за Грција: Пијан патник се обидел да упадне во пилотската кабина

Горан Наумовски

Серија земјотреси го погодија Крит