АЈДЕ! – Платформа за граѓанска политика го поддржува и се приклучува на протестот кој сака да го насочи вниманието на јавноста спрема нееднаквиот пристап кон правдата, посебно за луѓето со различна сексуална ориентација и родов идентитет.
Додека овие денови, Собранието расправа по пакетот уставни амандмани меѓу кои и исклучувачката дефиниција на бракот (амандман XXXIII), протестот ќе ги посочи реалните проблеми, како насилството и дискриминацијата врз ЛГБТИ заедницата и уште повеќе молкот на институциите.
Ајде! го повикува своето членство, поддржувачите, симпатизерите и сите граѓанки и граѓани без исклучок да застанат во одбрана на слободата и да учествуваат на протестот, кој ќе се одржи на 22 јануари 2015 (четврток), во 10 часот, пред зградата на Јавното обвинителство во Скопје.