(ВИДЕО) Царовска: Власта гази Устав исплашена од незадоволството во образованието

Од:

Правото на штрајк е загарантирано со Уставот на Република Македонија. Со опструирање на правото на штрајк не само што власта го гази Уставот на Република Македонија туку се газат и загарантираните права на работниците според Конвенциите на Меѓународната организација на трудот, чијашто потписничка е земјава, вели Мила Царовска, претседателка на Комисија за социјална политика на СДСМ.

Директорите на училиштата немаат никакво право да нарачуваат списоци со наставници кои го остваруваат легитимното право на штрајк за заштита на своите права. Немаат право ниту да наложуваат на наставниците да одржуваат настава, за време на штрајк.

Со кое право градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ се редат како на филмска лента за да кажат дека настава ќе има, што е дополнителен притисок врз наставниците?

Власта на Никола Груевски, исплашена од кулминација на огромното незадоволство во образованието, направи противуставни законски измени за замени на наставници во време на штрајк, мислејќи дека на тој начин ќе се заштити.

Бидејќи оваа власт не знае ни Д од дијалог, прашање на време беше кога ќе стане јасно дека наставниците се изиграни, а власта ниту има намера да им ги покачи платите, ниту пак имаат намера да ги укинат казните што ги воведоа преку екстерното тестирање.

Хаосот во образованието, преоптовареноста на наставниците со непотребна администрација и експериментите во обемната настава, големиот број казни преку коишто се полни буџетот, општата лоша економска ситуација во земјава ги натера наставниците да си ги бараат своите права.

Ниту едни измени на закон, списоци, послушни градоначалници и директори не ќе можат да ја заштитат власта.

Свеста на луѓето се разбуди. Назад нема.

Владата на СДСМ секогаш ќе го поттикнува социјалниот дијалог кој треба да биде барање на решение на двајца рамноправни партнери а не еднострано прифаќање на барања.

Зголемување на платите во Република Македонија и нивно усогласување со трошоците за живот е потребно, не само во образованието туку во сите сектори, затоа што сме на дното од Европа и со висината на платите и со стандардот.

СДСМ се залага за инвестиции во човечкиот потенцијал, а не во згради, бронза и мермер, како што прави оваа власт со проектот Скопје 2014.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Тренчевска: Вториот ребаланс е комплетен фискален пораз на неодговорната политика на власта – последиците ги трпат граѓаните

СДСМ: Со ребалансот нема пари за минимална плата од 600 евра, има нови долгови за граѓаните

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Каде се анкетите на Венко што рече дека ќе ги обзнани во јавноста уште пред две недели?

СДСМ: Следуваат нови поскапувања додека Мицкоски ги одбива сите мерки за поголеми плати и помош на граѓаните

МОН со жесток одговор до СДСМ за „Стив Наумов“: „Четири ваши министри не успеаја да сврзат две цигли“