Претседателката на ДОМ Лилјана Попоска се приклучи кон иницијативата за формирање на Анкетна комисија за случајот Томислав Кежаровски, од аспект на кршење на неговите основни права и слободи, поднесена од пратеникот Павле Трајанов, соопштија денеска од ДОМ.
Во партијата сметаат дека тоа е законски единствен начин со кој Собранието на Република Македонија може да помогне во разрешување на, како што посочуваат, овој немил случај.