Грчкото обвинителство нареди истрага за прислушување на политички партии

Од:

Обвинителството на Грција нареди итна истрага за наводите на атинскиот весник „Та неа“ дека во земјата било вршено незаконско прислушување на телефони на политички партии.

Властите ќе спроведат истрага за утврување на нарушувања на тајноста на телефонски разговори и на лични податоци со цел стекнување на имотна корист или нанесување штета на трети лица.

Истрагата е покрената четири дена пред предвремените парламентарни избори во Грција.

Весникот „Та неа“ објави дека за откривање на сомнителните активности во период на две недели биле користени најсовремени мобилни уреди, како моделот криптофон С500 на германската компанија ГМСК, кој може да ги детектира „кечерите“.

Според весникот телефонски разговори биле пресретнувани на неколку метри од канцелариите на партијата Нова демократија и на плоштадот, каде се наоѓа канцеларијата на СИРИЗА, како и околу партиската централа на ПАСОК во Атина. Најверојатно прислушување се вршело и околу американската амбасада во Атина.

Весникот наведува дека во периодот од 6 до 18 јануари биле извршени над 17 илјади мерења, при што биле регистрирани 193 сомнителни случаи.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес во Грција

(ВИДЕО) Пожар во рафинерија во Грција: Железничкиот сообраќај во прекин, наредена итна евакуација

Горан Наумовски

СИРИЗА: Политиката на соработка со Македонија е замрзната

Италија, Шпанија и Грција со мерки за да го спречат масовниот туризам и бројот на туристите

Предраг Петровиќ

Драма во авионот за Грција: Пијан патник се обидел да упадне во пилотската кабина

Горан Наумовски

Серија земјотреси го погодија Крит