Македонија дел од глобалното видео „Часот на планетата Земја“

Од:

Тимот на светската волонтерска акција „Часот на планетата Земја“ денеска официјално го промовираше глобалното видео од светската маркетинг кампања во кое првпат се појавуваат и инсерти од Македонија.

Двеминутното видео во кое главна музичка тема е интернационалниот хит „Pompeii” на британскиот бенд „Bastille” ја прикажува потребата да се променат климатските промени со моќта на секој поединец.

– Ние сме првата генерација која го чувствува влијанието од климатските промени и последната генерација која може да го промени тоа, вели американскиот претседател Барак Обама во видео-рекламата.

Поради актуелноста и успешноста на акцијата „Часот на планетата Земја“ минатата година во Македонија, глобалниот тим реши да вметне инсерт од исклучувањето на осветлувањето од плоштадот во Скопје во рекламата која ја гледа целиот свет. Тоа може да се види во 58-та секунда од видеото.

„Часот на планетата Земја“ е најголема светска волонтерска акција со еколошки карактер која има цел преку симболично исклучување на осветлувањето во период од еден час да се испрати силна порака за спас на планетата.

Македонија оваа година во акцијата ќе се вклучи шести пат.

– Навистина сум среќен поради големата успешност на „Часот на планетата Земја“ во Македонија и ме радува тоа што глобалниот тим ја препозна нашата ангажираност и реши да вметне инсерт од исклучувањето на осветлувањето на плоштадот во Скопје во видео рекламата која ја гледа целиот свет, изјави Ѓорги Селков, главен организатор на акцијата во Македонија.

Повеќе детали за акцијата и нови информации во следниот период може да се следат на Фејсбук страницата Earth Hour Macedoniа. 

Оваа година „Часот на планетата Земја“ ќе се одржи на 28 март (сабота) кога во 20:30 часот по локално време во мрак ќе потонат над 7.000 градови низ 162 држави ширум светот, а меѓу нив и Македонија.

Би можело да ве интересира

Земјата соборува глобални рекорди за топлина десетти месец по ред

(ВИДЕО) Сонда на НАСА со примерок од астероидот кој има најголеми шанси да удри во Земјата, успешно слета

А1он

ОН: Озонската обвивка постепено се обновува

Ана Ололовска

Денеска почнува зимата

Ана Ололовска

ЕСА разгледува можност за пренос на енергија од вселената на Земјата

А1он

Научна студија: Никаде на Земјата дождовницата не може да се пие

Ана Ололовска