Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека Русија ќе развие ново оружје со кое ќе ја зајакне својата безбедност, но дека тоа нема да биде трка со Запад.
Како што пренесе „Асошиејтед прес“, Путин ова го рекол по посета на стрелиште кај Москва, каде што дел од оружјето кое што го видел, изгледа како да е од научно-фантастичен филм, поради што рекол дека планот за модернизација на војската треба да биде реален и да почива врз способноста на стопанството.
Меѓудругото тој нагласи дека Русија не се заканува никому и дека тежнее двете спорни прашања да ги реши на преговарачка маса, истовремно истакнувајќи дека Русија ќе успее да одговори на предизвиците без да започнува трка за вооружување.
-Нема да дозволиме да бидеме вовлечени во трката за вооружување. Русија не се заканува никому и тежнее сите спорни прашања, да ги реши на преговарачка маса. Така ќе постапуваме и во иднина-рече тој на седницата на Воено-индустриската комисија.
Е. Г.