Камерон и Давутоглу разговараа за борба против ИД

Од:

Британскиот премиер Дејвид Камерон разговараше со турскиот колега Ахмет Давутоглу за борбата против Исламска држава.

Камерон и Давутоглу се сретнаа два дена пред средбата на меѓународната коалиција за борбата против ИД, која ќе се одржи во Лондон.

Двајцата премиери се договоритле за размена на податоци за патниците со авиони за поефикасно да можат да ги идентификуваат потенцијалните џихадисти.

– Сигурен сум дека ќе работам рамо до рамо со Обединетото Кралство во борбата против тероризмот, истакна Давутоглу и вети стратешка соработка меѓу Анкара и Лондон против сите закани по мирот.

Камерон посочи дека битката против радикалниот тероризам на ИД е меѓу неговите приоритети.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Затворени училишта во Турција поради снежната бура, затрупани автомобили, во тек е извлекување на завеаните

Горан Наумовски

Масакр во Турција: Маж убил осум лица, меѓу кои и неговите најблиски

Горан Наумовски

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот

Глобална трговска војна, Британија избира помеѓу САД или ЕУ

Ердоган: Турција ги прекина односите со Израел

Британскиот министер за одбрана: Очекуваме САД да ја поддржат Украина се додека е потребно