Непознати напаѓачи ноќта кон неделата фрлиле Молотови коктели врз полициска станица во близина на Акропол во Атина, соопшти полицијата.
Во близина на полициската станица во еден момент се собрала група од околу 15 лица, кај коишто имало одколу десетина шишиња со „Молотови коктели”. Припадник на обезбедувањето, жена од персоналот на полициската станица, не можела да се справи со напаѓачите. Во нападот, инаку, немало повредени. Оштетени се од огнот две полициски и две цивилни возила паркирани во близина, како и четири мотоцикли.
Нападите врз полициски станици, кои беа чести до неодамна, станаа поретки во последните две или три години. Вообичаено, полицијата претпоставува дека станува збор за ултралевичарски активисти. Притварањата по вакви слични напади, исто така, се ретки.