Двајца руски уметници фрлале „крстена вода“ врз Мавзолејот на Ленин во Москва

Од:

Двајца руски ликовни уметници,се уапсени во Москва,откако го „нападнале“ Мавзолејот на водачот на Октомвриската револуција,Владимир Илич Ленин,што се наоѓа на московскиот Црвен плоштад.

Олег Басов и Евгениј Авилов,членови на уметничката група „Синиот јавач„ се уапсени од полицијата,затоа што „крстена вода“ истурале по надворешните ѕидови на Мавзолејот,извикувајќи-Стани и оди си.

Инцидентот се случил вчера,кога Руската православна црква и христијанските верници во Русија го прославуваа празникот Водици.

Двајцата уметници-демонстранти останале во притвор во текот на ноќта и ќе останат таму до подигнувањето на формално обвинување.Доколку бидат изведени на суд,тие може да бидат казнети со најмногу 15 денови затвор,за повреда на јавниот ред и мир.

Според Бастов и Авилов,инцидентот бил дел од нивниот „уметнички перформанс„ што тие го нарекуваат „Егсорцизам-скрвнавење на Мавзолејот“.

Во изјава дадена за еден интернет весник на руски јазик,уште пред да се случи инцидентот на „Црвениот плоштад„ двајцата уметници рекле дека тие настојуваат да ја „ослободат Русија од нејзиното советско минато,што почнува да создава и во денешно време„.

Претставник на групата „Синиот јавач„ изјави денеска за западните медиуми дека намерата на уметничкиот перформанс е „демолирање на митот за Ленин,дека тој живее вечно,исто онака како што Свети Лазар се подигнал од мртвите“.

Би можело да ве интересира

Пратениците на Левица остварија средба во Собранието со рускиот амбасадор Баздникин

(ВИДЕО) Блиска средба: Ф-16 испратен да пресретне руски Су-35 на Алјаска

Руската воздушна одбрана синоќа уништи 125 украински беспилотни летала

Северна Кореја: Американската помош за Украина е „неверојатна грешка и луд чин“

Горан Наумовски

Лавров го предупреди Западот да не се бори до победа со нуклеарна сила

Горан Наумовски

Русија за атентатот на шефот на Хезболах: Уште едно политичко убиство