(ВИДЕО) Богдановиќ: Нема правна држава, ова е уште еден пример

Од:

„Денеска, започнува судско рочиште против граѓаните кои беа спречени да присуствуваат на седницата на советот на Град Скопје, на која мнозинството предводено од ВМРО-ДПМНЕ одлучи да ги преименува улиците во Скопје.

Граѓаните беа спречени и покрај тоа што седниците на Советот се јавни.

Денеска, им се суди на граѓаните, кои сакаа да го искажат својот став против преименувањето на улиците во Скопје, против бришењето на хероите од НОБ, потценувањето на жртвите и значењето на народно ослободителното движење“, рече на денешната прес-конференција Саша Богдановиќ, претседател на ОО СДСМ Центар, дадена пред Основниот суд Скопје 1.

„Од друга страна, случаите кои не се однесуваат на лица блиски до неа власта веднаш ги процесира со кривични пријави кои експресно се спроведуваат.

За инцидентот во кој беше искршен инвентарот, оградите и прозорците на општина Центар, за што постојат видео снимки и фотографии на кои јасно се гледа кои се учесниците, досега ниту се знае дали има покренато некаква постапка ниту дали МВР воопшто нешто превземало.

И не само тоа. Дел од овие учесници, беа наградени од страна на ВМРО-ДПМНЕ, дури и со претседавачко место во Советот на општина Ѓорче Петров.

Во Македонија ниту има правда, ниту има првна држава.

СДСМ, веднаш по промената на власта, ќе го врати правниот и уставниот поредок во државата“, рече Богдановиќ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Дата-центрите се иднината на човештвото, вели Мицкоски: Опозицијата користи застарени аргументи

Шест недели молк – СДСМ прашува зошто се крие целосниот извештај за водата во Гостивар

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Димитријевиќ: Апелација да постапи веднаш – „Талир 2“ не смее да заврши со спас на Никола Груевски

СДСМ: Стратешкото партнерство со САД оди заедно со членството во ЕУ

Горан Наумовски

СДСМ: Дизелот над 100 денари – четврто поскапување за еден месец и нов удар врз семејниот буџет

СДСМ: Избори ќе закаже кога ќе снема пари – Ние нема да му бидеме алиби, но граѓаните ќе му бидат сведоци

Горан Наумовски