Папата Франциско се заложи за одговорно родителство и рече дека добрите католици не треба да се разможуваат „како зајаци“.
Тој потенцираше дека се согласува со учењето на црквата дека не треба да се применува вештачка контрацепција, но дополни дека тоа не значи дека „христијаните треба да раѓаат едно дете по друго“.
При враќањето од посетата на Филипините, папата Франциско пред новинарите изјави дека еднаш прашал една мајка на седум деца родени со царски рез, која чекала осмо дете, дали „сака зад себе да остави седум сирачиња“, пренесува Танјуг.
Таа одговорила: Јас верувам во Господ. Но Господ ни дал средства за да бидеме одговорни. Некои мислат, извинете на изразот, дека мораат да бидат како зајаци за да бидат добри католици, раскажа папата Франциско.