Над еден тон кокаин се запленети во Панама, соопштија панамските власти.
Пратката била откриена на островот Тигре во регионот на карипското крајбрежје на централноамериканската држава, во близина на границата со Колумбија.
Шверцерите на дрогата, по кои се трага најверојано кокакинот го оставиле од некоја соседна земја со брод, кој се наоѓал во близина и бил напуштен.
Трговците со дрога често пати ја користат Панама за транспорт на дрога од Јужна Америка за САД и Европа.