Претседателот на меѓународниот ПЕН Ралстон Сол во посета на ДПМ

Од:

Во Друштвото на писателите на Македонија вечер ќе се одржи средба со Џон Ралстон Сол, претседател на Меѓународната писателска асоцијација ПЕН.

Претставници на Македонскиот ПЕН и на ДПМ со Џон Ралстон Сол ќе разговараат за местото и улогата на писателите во актуелните случувања во светот и за состојбите во меѓународниот ПЕН. На средбата ќе биде претставена  книгата на Сол „Несвесна цивилизација“ со промотивни обраќања на Ермис Лафазановски, претседател на Македонскиот ПЕН, Веле Смилевски, претседател на ДПМ, и Катица Ќулавкова, потпретседател на Меѓународниот ПЕН.

Џон Ралстон Сол е истакнат канадски писател и есеист. Дебитира со романот „Грабливи птици“ во 1977 година. Често патува во Африка и Југоисточна Азија при што ја создава романескната трилогија „Полето“. За време на своите престои во Африка и Југоисточна Азија, Сол бил сведок на владината супресија на слободата на изразување од која страдале неговите колеги писатели. Од 2009 година Џон Ралстон Сол е претседател на Меѓународната писателска асоцијација ПЕН.

Би можело да ве интересира

Учество на македонски писатели на фестивалот „Словенска слова” во Црна Гора

„Во име на новото“ во ДПМ

Ана Ололовска

ДПМ на вонреден пленум ќе побара одговорност доколку не се отстранат пропустите во Министерството за култура

Ана Ололовска

ДПМ: Македонскиот јазик има дијалекти, но не е никаков и ничиј дијалект

Конкурс за традиционални годишни награди на ДПМ

Ана Ололовска

„Празник на липите“ и врачување на наградите „Книжевен жезол“ на ДПМ

Ана Ололовска