Американската скијачка Линдзи Вон денеска беше најбрза во супервелеслаломот возен во Кортина Д’Ампецо, остварувајќи ја 63.победа во Светскиот куп со што го собори 35 години стариот рекорд на Австријката Ана-Мари Мозер Прол.
Американката која вчера го изедначи рекордот, денеска патеката ја извозе со време 1:27.03 минути.
Второто место го освои Ана Фенингер (Австрија) која беше побавна за 85 стотинки, а како трета трката ја заврши Тина Вајрајтер од Лихтенштајн со време 1:27.95.
За Вон ова беше прва Супер-Џи победа сезонава и вкупно четврта.