А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

МВР откри 18 мигранти во четири одделни случаи

by А1он19/01/2015 - 14:1498
Share0

МВР откри 18 илегални мигранти во четири одделни случаи на криумчарење во изминатите денови, при што против шест лица, од кои и двајца грчки државјани, до надлежното основно јавно обвинителство поднесе кривични пријави поради постоење основано сомнение за кривично дело “криумчарење мигранти“.

Следете a1on на Instagram Instagram

Од 18 илегални мигранти, на возраст од 21 до 37 години, петмина се од Сомалија, деветмина од Сирија, тројца од Ирак и една албанска државјанка.

Во првиот случај кривично е пријавен В.С. (42) од Гевгелија кому судија од претходна постапка му одреди мерка притвор во траење од осум дена. Пријавениот во возило Mitsubisni Spacestar“ со скопски регистарски таблички превезувал седум илегални мигранти, пет од Сомалија и двајца од Сирија со намера да ги пренесе кон северната граница, но бил сопрен од полицијата во близина на село Градец на автопатот Е-75  од Гевгелија кон Скопје.

Во вториот случај кривично се пријавени Х.И. (40) од село Желино и Џ.И. (52) од село Јажинце, тетовско, за кои судија од претходна постапка одреди мерка притвор во траење од по осум дена. Полицајци од ПС „Рогачево“ ги забележале како во близина на месноста викана „Извори“ илегално ја преминуваат државната граница од Косово кон Македонија. Биле сопрени во близина на село Јажинце кога е откриено дека во возилото со кои се превезувале има и уште едно лице, Х.А. (18) албанска државјанка, за кој по проверките е констатирано дека имала активна мерка „забрана за влез во РМ”, затоа што таа  претходно е  приведена на 30.12.2014 година во УО „Кораби” како танчерка. Таа со помош на Џ.И. илегално ја преминала државната граница, а од извршениот преглед врз пријавените и на возилото кај Х.И. биле пронајдени 58.000 денари и 1.970 евра.

Следете a1on на Youtube YouTube

Во третиот случај кривично се пријавени грчките државјани Г.Е. (47) и Д.Г. (26) за кои исто така Судија од претходна постапка им одреди мерка притвор во траење од по осум дена. тие со две возила комбе „опел зафира“ (управувано од Г.Е.) и  „шкода рапид“ (управувани од Д.Г.) се сопрени од полицијата во близина на село Прдејци и при прегледот е констатирано дека во првото возило биле сместени четворица илегални мигранти од Сирија, додека во второто возило тројца државјани на Сирија, кои што од нивна страна биле пречекани во близина на село Мрзенци со намера да бидат пренесени кон северната граница.

Во четвртиот случај кривично е пријавен К.П. (31) од Битола. Тој завчера (17.01.) во 18:40 часот бил сопрен одсообраќајна полиција на излез од Битола во населбата Горно Оризари и притоа во неговото возило „опел вектра“ откриени се тројца илегални мигранти од Ирак кои за надомест од по 80 евра требало да ги пренесе од Битола до Скопје. Судија од претходна постапка и нему му одреди мерка притвор во траење од осум дена.

mvr

Би можело да ве интересира

МВР го најде во Скопје Цуната кој и избега на полицијата во Кочани преку прозорец

Катерина Ѓуровски15/07/2026 - 08:5415/07/2026 - 12:36

Распишана е меѓународна потерница по кочанчанецот кој побегна од полициска станица

А1он13/07/2026 - 14:4813/07/2026 - 14:46

Син уби татко во Скопје

А1он13/07/2026 - 10:5813/07/2026 - 10:47

ВИДЕО: Поголема количина дрога пронајдена во напуштени подрумски простории во Аеродром

Катерина Ѓуровски09/07/2026 - 10:1009/07/2026 - 10:14

Кандидатите кои ќе аплицираат за Средното полициско, да не се отпишуваат од училиште пред да заврши селекцијата, апелира МВР

Катерина Ѓуровски07/07/2026 - 11:0207/07/2026 - 11:16

Лишени од слобода 23 возачи за безобѕирно управување возило, без дозвола 21 од кои тројца малолетници

Предраг Петровиќ10/06/2026 - 17:43
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео