Кривична пријава за тројца албански државјани за „криумчарење“

Од:

Тројца албански државјани се осомничени за криумчарење монети, накит, часовници и странски валути при излез од државава на граничниот премин „Блаце“. До Основното јавно обвинителство Скопје против нив ќе биде поднесена кривична пријава за кривично дело „криумчарење“.

МВР денеска соопшти дека вчеравечер во 21 часот за излез од државата на граничниот премин „Долно Блаце“ се пријавиле албанските државјани A.Г. (34),  Б.Г. (27) и А.Б. (27) кои се превезувале со патничко возило марка „Форд Фокус“, со италијански регистарски таблички. Полициските службеници го селектирале возилото за дополнителна контрола, при што во посебно импровизиран простор  биле пронајдени две пластични кеси. Во едната биле откриени монети како и накит во вкупна тежина од околу половина килограм, а во втората кеса над триесетина парчиња машки часовници со различни марки („Ролекс“, „Патек Филипе“, „Омега“, „Спид Мастер“..) како и разни странски валути во различни апоени (англиски фунти, турски лири, канадски долари, австралиски долари…) во вкупна вредност од околу 1.000 евра.

Лицата се приведени и задржани, а постојат индиции дека наведените предмети кои со потврда за привремено одземени предмети биле одземени и дадени на вештачење потекнуваат од други кривични дела, соопшти МВР.

Би можело да ве интересира

Измамени две стари лица за лажни сообраќајки и лажно претставување како лекари на подрачјето на Штип во последните 24 часа

МВР: Ќе се формира национален комитет за заштита на новинарите, нивната безбедност е врвен приоритет

Граѓанците да ги ажурираат податоците за „Безбеден град“, повика МВР

Тешко повредени тројца пешаци во три сообраќајни несреќи

Стопанска комора: Потребни се решенија, не блокади на граничните премини

Од 12 часот стоп за камионите на границите, МВР гарантира проток за автомобили и автобуси

Горан Наумовски