Магла на патиштата кај Крива Паланка, Ресен, Велес и Стража

Од:

Сообраќајот на сите државни патишта во Македонија се одвива во зимски услови, по влажни коловози. На цела територија на Македонија се бележат слаби врнежи од дожд.

Поради појава на магла, намалена видливост од 30 до 50 метри има во Крива Паланка, Ресен, на патниот правец Велес – Катланово и на планинскиот премин Стража.

АМСМ препорачува исклучително внимателно возење, прилагодена брзина на движење на отежнатите услови за сообраќај и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Посебно внимание е потребно на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, каде е можна почеста појава на одрони.

Би можело да ве интересира

Нормализиран сообраќајот на патот Бошков мост – Дебар

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози

Промени во Законот за безбедност на сообраќајот: Реакции и вело-пријателски предлози

Сообраќајот се одвива по наместа влажни коловози

СДСМ: Колапс на сообраќајот во Маврово и заглавени граѓани поради неспособноста на ВМРО-ДПМНЕ

По еден ден прекин, попаднево повторно воспоставен железничкиот сообраќај во земјава