Американката Линдзи Вон ја забележа 62. победа во Светскиот куп и влезе во историјата на алпското скијање изедначувајќи го досегашниот рекорд на Австријката Анамари Мозер-Прел.
Вон беше најбрза на денешниот спуст во италијанското гратче Кортина Д’Ампецо со време 1:39.61 минута, пред Елизабет Гергл од Австрија која доцнеше 32 стотинки зад победничката и третопласираната Даниела Меригети од Италија која имаше 54 стотинки побавно време од Американката.
За најдобрата американска алпска скијачка на сите времиња, ова беше 32. победа на спуст патеките.
Во пласманот во оваа дисциплина Вон води со 358 бодови, Тина Мазе е втора со 233, Викторија Ребенсбург има 219,…
Генерален пласман во Светскиот куп: Тина Мазе (Словенија) со 922 бода пред Микаела Шифрин (САД) која досега собра 605 бодови, Ана Фенингер (Австрија) е трета со 561 бод,…