Британскиот министер за надворешни работи Филип Хамонд и американскиот државен секретар Џон Кери свикаа за в четврток во Лондон средба на земјите од коалицијата против џихадистичката групација Исламска држава, јави БТА.
Конференцијата на ниво на министри за надворешни работи ќе ги собере претставниците на 20 држави, меѓу кои и арапските партнери од коалицијата.
На еднодневната средба ќе биде разгледан напредокот во операциите против радикалната групација.
Во меѓувреме САД и нивните сојузвите извршиле 29 воздушни напади врз позиции на ИД во Ирак и Сирија во периодот од вчера утрото до изутринава, соопшти денеска командата на коалицијата.
Во Ирак во региони на седум града биле извршени 16 напади, во кои се уништени автомобили, згради и засолништа на ИД.
Во Сирија во близина на градот Кобане била извршени 11 напади, во кои биле уништени засолништа и тенк, а останатите напади биле против цели покрај Абу Камал и Деир ал Зур.