Грчката полиција го уапси лицето, за кое се претпоставува дека е мозокот на спречените напади во Белгија, јавуваат белгиските медиуми.
Во Атина се уапсени четворица осомничени терористи, меѓу кои 27 годишен маж, за кого се тврди дека комуницирал и ги насочувал двајцата браќа, кои беа застрелани во операцијата во Вервие во четвртокот.
Идеологот на нападот е поврзан со терористичката групација Исламска држава и бил во Сирија, од каде неодамна се вратил.
Белгиските медиуми додаваат дека спречениот напад бил планиран за вчера и оти е можно да бил поврзан со објавувањето на францускиот сатиричен неделник „Шарли ебдо“.