Три цркви опожарени во главниот град на Нигер

Од:

Три цркви беа опожарени денеска во главниот град на Нигер, Ниамеј, откако протестот против карикатурите, објавени во парискиот сатиричен неделник „Шарли ебдо“ прераснаа во насилство, кое зафати неколку квартови во градот.

Стотици полицајци од силите за борба против немири го обезбедуваат влезот на катедралата на Ниамеј, откако регионот исто така беше зафатен од насилство. Демонстрантите фрлаат со камења кон полицијата.

Насилството е предизвикано претежно од млади луѓе, вооружени со палки и прачки.

Во сличен протест вчера загинаа четири лица во вториот по големина град во Нигер, Зиндер. Четириесет и пет лица беа ранети, а беше предизвикана и материјална штета на цркви и продавници. Најголема штета претрпе францускиот културен институт, чија зграда беше опожарена.

Би можело да ве интересира

Воената хунта се закани: Ќе го убиеме соборениот претседател

Бунтовниците во Нигер тврдат: Француската војска ги нападнала припадници на националната гарда

Се собира војска, ќе има војна: 25.000 војници се подготвени

Предраг Петровиќ

Хунтата во Нигер го затвори воздушниот простор поради заканите за воена интервенција

Нигер: Воената хунта побара помош од Вагнер

Сменетиот претседател на Нигер бара помош од Американците: „Ви пишувам како заложник“