(ВИДЕО) Шекеринска: Застануваме зад Кежаровски и сите механизми за негова слобода

Од:

Потпретсдателот на СДСМ Радмила Шекеринска на прес-конференција по посетата на Гостивар од иметото на опозицијата побара условно ослободување на новинарот Томислав Кежаровски.

Шекеринска спроведувањето на Кежаровски го оцени како доказ, како што рече, дека судството е политизирано и во функција на власта.

– Томислав Кежаровски треба веднаш да биде пуштен на слобода. За тоа постојат правни можности. Затоа го повикуваме кривичниот совет на Основниот суд Скопје 1, вонредно да се состане. Исто, како што и вчера вонредно работеа и да донесе одлука за условен отпуст и денеска или утре да биде пуштен на слобода, изјави Шекеринска.

Таа порача дека СДСМ и опозицијата ќе ги употребат сите институционални и вонинституционални механизми за ослободување на Кежаровски.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Нов скандал во Владата – Јанушев поврзан со фирма во Бугарија?

СДСМ: Кочоска призна дека во буџетот нема пари, ќе има ли за плати и пензии?

Тренчевска: Две години Влада на Мицкоски, нема повисоки плати, нема подобар стандард- нула исполнети ветувања

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски ветуваше подобар живот, а донесе поголема сиромаштија

Горан Наумовски

Опозицијата тврди: Буџетот е пред колапс, а животниот стандард во пад

СДСМ: Две години на економски неуспех, лажни ветувања и изолација