САД ги осудуваат протестите поради новите карикатури на пророкот Мухамед

Од:

САД ги осудија синоќа повремено насилните протести на илјадници луѓе во некои земји со муслиманско мнозинство против новите карикатури на пророкот Мухамед во францускиот сатиричен весник „Шарли ебдо“.

Откако три лица се повредени во судир со полицијата пред францускиот конзулат во Карачи, Вашингтон го истакна „универзалното“ право на печатот слободно да објавува каков било вид информација, вклучувајќи и карикатури.

Во градот Зиндер, во Нигер, демонстрантите ја уништиле влезната врата на Францускиот кулутурен центар и запалиле кафетерија, библиотека и канцелариите на оваа установа, а исто така запалиле и три цркви.

– Апелираме на сите да не прибегнуваат кон насилство, да бидат возржани и да го почитуваат владеењето на законот, изјави портпаролот на Стејт департментот Џефри Ратке.

Во најновиот број на „Шарли ебдо“ на насловната страница е карикатура на пророкот Мухамед, кој под насловот „Се е простено“, држи натпис „Јас сум Шарли“.

Би можело да ве интересира

Одговорот на Лавров: Соединетите Американски Држави и нивните сателити едноставно се плашат од фер конкуренција

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Објавена снимка од американски разурнувачи кои пукаат во ирански ракети

Џо Бајден се противи Израел да ги таргетира иранските нуклеарни локации

Најмалку 64 жртви на ураганот Хелена во југоисточниот дел на САД

Иран: Нема да се двоумиме, САД мора да ги прифати последиците

После 10 години, армијата на САД се повлекува од Ирак