САД и Велика Британија остануваат на политика на „силни санкции“ кон Русија

Од:

САД и Велика Британија се договорија да го задржат нивото на „силни санкции“ кон Русија поради нејзините акции во Украина, објавија Барак Обама и Дејвид Камерон на заедничка прес конференција.

– Се согласивме да задржиме силни санкции кон Русија се додека не се заврши агресијата во Украина, како и доколку е потребно да ја поддржиме Украина во спроведувањето на важни економски и демократски реформи, изјави Обама.

Американскиот претседател нагласи дека дел од разговорот со Камерон бил посветен на борбата против тероризмот, откако во напади во Париз минатата недела загинаа 17 лица.

Обама истакна дека двете земји се на страната на Франција и сите сојузници кои се борат против тероризмот, како и дека ќе сторат се да помогнат Франција да оствари правда.

Камерон, во однос на тероризмот, изјави дека знае со што се соочува и знае како да победи.

Обама и Камерон изразија согласност против нови санкции за Иран. нагласувајќи дека тоа може да наштети на преговорите за нуклеарната програма на земјата.

Би можело да ве интересира

Одговорот на Лавров: Соединетите Американски Држави и нивните сателити едноставно се плашат од фер конкуренција

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Објавена снимка од американски разурнувачи кои пукаат во ирански ракети

Џо Бајден се противи Израел да ги таргетира иранските нуклеарни локации

Најмалку 64 жртви на ураганот Хелена во југоисточниот дел на САД

Иран: Нема да се двоумиме, САД мора да ги прифати последиците

После 10 години, армијата на САД се повлекува од Ирак