Руската федерална служба за надзор на комуникацијата „Роскомнадзор“ ги предупреди медиумите што објавија карикатури на пророкот Мухамед, дека тоа е спротивно на законот на земјата и етичките норми кои важат во неа.
– Објавувањето на такви карикатури во руски медиуми е спротивно на етички и морални норми што важат со векови, соопшти „Роскомнадзор“.
Објавувањето карикатури на религиски теми во медиумите може да биде сфатено како навреда или понижување на претставниците на верата и религиските групи и оценето како поттикнување на етничка и религиска омраза, како и кршење на руските закони, се наведува во соопштението на руската агенција.
Таквото објавување, исто така, може да се коси со руските закони за медиуми и антиекстремизам, наведува „Роскомнадзор“, повикувајќи ги руските медиуми да се воздржат од објавување на карикатури што може да бидат сфатени како навреда.