(ВИДЕО) Спасовски: Македонија тоне во сè поголема сиромаштија и во сè полоша економска состојба

Од:

Вчера и денеска, заедно со претседателката на Комсиијата за земјоделство, Татјана Прентовиќ, сме во посета на општините Новаци и Могила за да поразговараме со граѓаните за проблемите што ги мачат. Меѓутоа овде посебно се изразни проблемите во земјоделството, така што на терен разговараме за актуелните проблеми на земјоделците, пред сè, сега, со откупот на тутунот, вели Оливер Спасовски, генерален секретар на СДСМ.

– Се гледа дека постои сериозно разочарување и апатија кај граѓаните од овие две општини поради тоа што не можат да преживеат во условите во коишто се наоѓа и самата држава и мислам дека одговорноста на оваа Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ и од Никола Груевски е сериозна за ваквата состојба. Македонија тоне во сè поголема сиромаштија и во сè полоша економска состојба. Затоа сите ние мораме да се мобилизираме за да направиме еден чекор, заеднички да направиме сè, за да покажеме дека овие погубни политики не може понатаму да ја водат Република Македонија – рече Спасовски.

Би можело да ве интересира

Мециновиќ: СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ саботираат една изборна единица

(ВИДЕО) СДСМ: Мицкоски брза на избори од страв од истрагите што доаѓаат по падот на Орбан

СДСМ: Документите за Груевски во Правда се „институционално“ заглавени или намерно блокирани

Кузеска: Груевски мора да одговара пред законот

ВМРО-ДПМНЕ: СДС и Филипче се без концепт

СДСМ: Денес го одбележуваме Светскиот ден на слободата на медиумите, но во Македонија овој ден не го славиме туку го преживуваме