Европол ги известил кипарските власти за опасноста од продор на исламски екстремисти во Европа преку Кипар, објави „Сајпрас викли“.
Весникот наведува дека Европол во текот на неделата изразил загриженост дека потенцијалните џихадисти можат да влезат во Кипар од Северен Кипар.
Кипарската полиција ја засили безбедноста поради терористичките напади во Франција и антитерористичките акции во Белгија. Безбедносните мерки се засилени на сите кипарски контролни пунктови, како и на амбасадите и другите странски институции.