ВИДЕО: Голема прослава во Венецуела по повод успешното лансирање на сателит во орбитата

Од:

Венецуела со кинескa помош успешно лансираше сателит во орбитата, голема прослава наградскиот плоштад во Каракас

Венецуелскиот сателит, наречен “Генералисимус Франциско де Миранда” наречен по националниот херој во борбата за ослободување, беше успешно лансиран од базата Хикуан во Кинеската пустина Гоби потврди кинеската новинска агенција Ксинхуа.

Ова е втор сателит, кој Венецуела, со помош на Кина го лансираше во орбита. Пред 4 години кинеската ракета го лансираше сателитот “Симон Боливар”. Само три земји во Латинска Америка со Венецуела имаат сателити во орбита: Аргентина, Мексико и Бразил. Уште минатата година Венецуела најави изградба на сателити од 140 милиони американски долари, со цел да се надгледуваат движењата на трупите по должина на границата, како и детектирање нелегални групи, и откривање на банди кои шверцуваат дрога или се ангажирани во нелегални ископувања. Сателитот исто така ќе се користи за контрола на климатските промени и животната средина.

Има уште неколку дена до претседателските избори во Венецуела, многумина велат дека успешното лансирање на вториот по ред Венецуелски сателит уште повеќе ќе ја зголеми веќе големата предност над главниот противник на претседател Хуго Чавез, Енрике Каприлес.

По повод лансирањето на сателитот, претседателот Хуго Чавез зборуваше во живо на националната телевизија до 00:40 по локално време. “Ова е возможно само во револуцијата, влеговме во иднината”, изјави претседателот Чавез, по успешното лансирање.

На големата еуфорија по повод лансирањето на сателитот се приклучија и голем број на жители кои лансирањето го следеа во живо.

Набрзо по успешното лансирање на главниот плоштад во Каракас – каде што голем број луѓе го следеа лансирањето во живо преку голем видео бим – се појави самиот Хуго Чавез на задоволство на собраните.

Одушевувањето не го криеше ниту министерот за наука , Хорхе Ареца. “Ова е потврда на нашата независност на сите полиња на науката. Расипаната буржоазија го отфрла овој наш успех и ги понижува работниците кои овој сателит го дизајнираа и изградија. Колку тажно!” истакна Саид Ареаца.

Кина и Венецуела имаат многу добра економска соработка, која со време станува се подобра и поконструктивна. Пред една недела, претставниците на двете земји потпишаа договор за заедничка изградба на Лас Кристинас рудник во јужниот дел на Венецуела, кој ќе биде еден од најголемите рудници за злато во светот.

Пекинг и има дадено на Венецуела кредит од 30 милијарди долари, додека Венецуела во Кина извезува околу 640.000 барели нафта.

Би можело да ве интересира

Руските космонаути со нов рекорд во вселената

Предраг Петровиќ

Шест странци уапсени во Венецуела за наводен заговор на ЦИА за убиство на Мадуро

Чистка во Венецуела: Сменети се сите кои одлучуваат за нафтата

Мадуро одлучи: Божиќ ќе се слави на 1 октомври

Горан Наумовски

Важно откритие на научниците: Пронајден доказ за постоење на вода на Марс, сместена длабоко во кората

(ВИДЕО) Членови на Вагнер забележани во Венецуела: „Каде и да одат носат смрт“