Триесетдневен притвор и кривична пријава доби Р.Е.(23) од Тетово, бидејќи се обидел да го убие својот брат.
Секторот за внатрешни работи Тетово поднесе кривична пријава против Р.Е.(23) поради основано сомение дека е сторител на кривично дело „убиство во обид”.
Пријавениот на 15-ти овој месец во семејниот дом му нанел убодни рани во градниот кош и расекотини на стомакот и главата на неговиот брат Б.Е.(38).
На пријавениот му е одредена мерка притвор од 30 дена.