Две цркви се ограбени ноќта меѓу 14 и 15-ти овој месец во општината Чешиново-Облешево.
Непознат сторител извршил кражба во црквата „Св. Наум” во село Чифлик, општина Чешиново-Облешево. Сторителот насилно ја отворил заклучената помошна врата на црквата, влегол внатре и од каса одзел околу 2.000 денари и еден прстен од бело злато, по што го напуштил местото.
Непознат сторител истата ноќ извршил тешка кражба во црквата „Света Недела” во село Облешево, општина Чешиново-Облешево. Крадецот насилно ја отворил влезната врата на црквата и од метални каси поставени во црквата одзел околу 10.000 денари, по што го напуштил местото.
Полицијата презема мерки за пронаоѓање на сторителот.