Поранешниот американски претседател Џорџ Буш се врати вчера во Белата куќа, накратко, на свеченото откривање на својот официјален портрет.
Домаќин на манифестацијата беше Барак Обама, сегашниот претседател на САД.
Иако Барак во последно време е преангажиран со кампњата за престојните претседателски избори и често во своите говори ја критикува предходната администрација на Буш, наоѓајќи во нив сличности со неговиот против кандидат за претседател на Америка, Мит Ромни, сепак вчера во Белата куќа немаше место за политика, туку само за смеа, солзи и гордост.
„Можеме да имаме политички несогласувања, но претседателството е над овие разлики”, изјави Обама, изразувајќи благодарност до Буш за тоа што дошол во Белата куќа, како и за големата промена во власта што ја направил додека бил првиот човек во Америка и одличниот спотртски ТВ пакет што му го оставил.
Најемотивниот момент на вечерта беше кога гласот на Буш затрепери додека зборуваше за поставувањето на неговата слика веднаш до сликата на неговиот татко, Џорџ Буш Постариот, човекот кој му го пренел своето знаење и безусловна љубов и човекот кој ги слушна зборовите на синот од првите редови во салата.