Најмалку четири лица загинаа, а шестмина се повредени при синоќешното гранатирањето на Доњецк, југоисточна Украина. И денеска се слушаат истрели, објавено е на интернет-страницата на локалната власт.
– Во текот на претходната ноќ Доњецк беше на удар на тежок артилериски оган. Истрели имаше и во утринските часови, посочува локалната власт.
Во соопштението се наведува дека при нападот запален е еден магацин, а на местото на пожарот пронаједни се четири тела и едно повредено лице.
Според податоците на Обединетите нации во судирите во Украина досега загинале повеќе од 4.700 луѓе, меѓу кои и 298 патници и членови на екипажот на малезискиот авион кој се урна на 17 јули во источна Украина. Во судирте повредени се над 10.000 лица.