Турција и ЕУ се обидоа да ги намалат разликите со посетата на Давутоглу на Брисел

Од:

Турција и Европската унија се обидоа да ги намалат своите разлики за време на вчерашната посета на турскиот премиер Ахмет Давутоглу на Брисел, соопштија британските медиуми.

Давутоглу предложи поголема соработка во борбата против Исламска држава и изјави дека Турција „е подготвена да работи со ЕУ во сите области“.

Европратениците, меѓутоа, изразија загриженост за слободата на медиумите во Турција, откако обвинителите почнаа истрага против турскиот весник „Џумхуриет“, кој неделава препечати делови од францускиот сатиричен неделник „Шарли ебдо“.

Истанбулското обвинителство ја почна истрагата против весникот затоа што во средата објави делови од последниот број на францускиот неделник „Шарли ебдо“ како знак на солидарност кон карикатуристите и уредниците, кои беа убиени во Париз минатата недела.

Во декември ЕУ и забележа на оваа земја кандидатката за членство за полициските акции против медиумите, но претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск, на својата средба со турскиот премиер Давутоглу избегна директна критика за оваа тема .

-Ние може да имаме различни мислења за карикатурите на „Шарли ебдо“. Сигурен сум дека и некои луѓе во ЕУ, исто така, не се согласни со нив. Но ние ќе го штитиме нивното право да го кажат тоа што го сакаат. За Европа тоа е прашање на фундаментални вредности, изјави Туск по својата средба со Давуоглу.

„Процесот на приклучување на Турција останува главната рамка на нашите односи“, додаде претседателот на Европскиот совет, а Давутоглу изјави дека се надева на посилен импулс за процесот што долго време се наоѓа во ќорсокак.

Би можело да ве интересира

ДУИ повикува на исполнување на обврските од Преговарачката рамка и итно усвојување на уставните измени

Касами: Ќе работиме на решавање на билатералниот проблем со источниот сосед, за да го фатиме чекорот со Албанија кон ЕУ

Предраг Петровиќ

Мицкоски: За мене ова е диктат, ако е ова условот за Македонија да продолжи да преговара тогаш не благодарам

Горан Наумовски

Албанија на 15 октомври ќе ги започне преговорите со ЕУ по Кластерот 1

Борисов и Петков: Скопје да одлучи – внесување на Бугарите во Уставот или патот кон ЕУ ќе остане затворен

Главчев: Македонија едноставно треба да ги исполни барањата на ЕУ