САД и Велика Британија договорија одржување на кибер „воени игри“

Од:

САД и Велика Британија договорија одржување на кибер „воени игри“ како облик на вежби во кои едната и другата страна меѓусебно ќе се „напаѓаат„ за да можат успешно да подготват одбрана од се пораширениот интернет криминал.

Овие воени игри ќе се одвиваат во рамките на новата заедничка одбрана на двете земји,за која се согласија во Вашингтон,американскиот претседател Барак Обама и британскиот премиер Дејвид Камерон,кој се наоѓа во дводневна посета на САД.

Првата ваква вежба ќе се изведе во текот на оваа година, со „напад“ врз во финансискиот сектор.

Во оваа „воена игра“ ќе се вклучи британската Централна банка (Банката на Англија),комерцијалните банки,како и лондонскиот финансиски центар Сити и њујоршкиот Вол Стрит.

Оваа и другите сајбер вежби,треба да извршат проверка на најважната државна инфраструктура.

Договорот на двете земји се означува во Вашингтон и во Лондон како настан без преседан и тој е првиот што Велика Британија го има направено со странска земја.

Соопштението за ваквиот договор беше дадаено по одржувањето на првите разговори меѓу Обама и Камерон во Белата куќа.

Британскиот премиер за ББЦ  во Вашингтон изјави дека „кибер нападите се едни од најглемата современа закана,со која светот се соочува“.

Разузнавачките тимови од двете страни на Атлантикот ќе соработуваат и во рамките на „кибер ќелиите“ што ќе постојат во САД и во Британија.

Камерон, кому оваа посета на САД,најверојатно,му е последна пред британските парламентарни избори во мај оваа година,бара од американскиот претседател Обама помош за разузнавачките агенции на Британија во борбата со екстремизмот и тероризмот.

Двајцата политички лидери,во текот на разговорите,ќе расправаат и за економските состојби во еврозоната,за трговскиот договор меѓу САД и ЕУ,за еболата и потребата од глобална согласност за елиминирање на овој смртоносен вирус,како и за односот кон Русија и „нејзината активност“ во источна Украина.

Би можело да ве интересира

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа

Чувар на американската амбасада во Осло уапсен под обвинение за шпионажа

Горан Наумовски

Русија: Ја предупредивме Америка за нападот

Со проектили е погодена воена база на САД во Сирија

САД воведоа нови санкции против Русија