Николиќ: Нема да трчаме по никаков датум, нека трчаат тие кој ќе дојде во Србија

Од:

Претседателот на Србија, Томислав Николиќ изјави вечерва дека Србија сака членство во Европската Унија, ама нема да трча по никаков датум, бидејќи како што рече, 10 години трчање ја доведоа Србија на просјачки стап.

Сега ќе мислиме на себе, имаме пријатели на сите страни и нека се натпреваруваат кој повеќе ќе ни помогне“, рече Николиќ во белградскиот Сава центар, на свеченоста каде што беше избрано новото партиско раководство на СНС.
Николиќ рече дека Србија е подготвена да ги исполни сите услови кои важеа и за другите земји, ама нема да се откаже од Косово и Метохија.

„Без Косово и Метохија ќе се чувствуваме како човек во огромна палата кој е смртно болен“, рече Николиќ кого членовите на СНС му аплаудираа со извиците „Томо, Томо“.

Николиќ и на своите досегашни сопартијци им порача дека мора да го средат хаосот и дека не сака оправдувања.

„Немојте да застанеме, и за четири години да се правдаме пред граѓаните дека претходниците ни оставиле хаос. Ние треба да го средиме тој хаос. Никогаш, се додека постои СНС, нема да го дадеме тоа што е наше. Кога ќе ни го постават тој услов, како да ни велат –дај едно дете, ама размисли кое сакаш да го дадеш. Раѓајте свои деца, моите не ги чепкајте“, испрати порака Николиќ до Европската Унија и САД.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Уапсен возачот кој со автомобил удри студентка во Белград

Луксузниот хотел во Белград ќе се вика Трамп

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Косовската полиција затвори 35 српски институции

Верма: Санкциите се насочени кон Русија, а не кон Србија

Америка воведе санкции за српската нафтена индустрија

Убиство во Инџија, уапсени се три лица, по четвртиот се трага

Горан Наумовски