Детството во голема мерка влијае на нашето здравје, покажа едно истражување.
Растењето во стабилна средина е поврзано со поголеми шанси за усвојување здрави животни навики пресудни за здраво срце, покажаа резултатите од истражувањето на финските научници.
Истражувањето е спроведено на околу 1.100 испитаници на возраст од 30 до 45 години, кои биле следени од три до 18 годишна возраст.
Учесниците во истражувањето кои биле растени во среќни и стабилни семејства имаа повеќе психосоцијални предности и во просек 14 отсто повеќе шанси за нормална телесна тежина, пишува стручното списание „Circulation“.
Покрај тоа тие имале 12 отсто повеќе шанси дека ќе бидат непушачи и 11 отсто повеќе шанси за нормална концентрација на шеќерот во крвта, кои инаку се важен фактор за здравјето на срцето.