Авганистанските сили за безбедност во операција во североисточен Авганистан убија талибански лидер и уште четворица талибански борци, јави ДПА.
– Петмина талибански борци, меѓу кои Мавлави Шафак, талибанскиот заменик-гувернер во сенка на провинцијата Каписа беа убиени синоќа во воена операција во округот Тагаб, изјави портпаролот на Министерството за внатрешни работи.
Талибанците назначуваат свои членови за гувернери на провинциите и окрузите, а властите ги нарекуваат гувернери во сенка.
Во други операции четворица екстремисти беа убиени, а други тројца беа уапсени во Кабул и провинциите Кандахар и Бадахшан, соопшти Министерството за одбрана. Во тие операции загинаа тројца војници, чиј автомобил налетал на бомба покрај патот.