„Потами“: Иднината на Грција и е во коалициски влади

Од:

Иднината на Грција минува низ владини коалиции, изјави лидерот на партијата „Реката“ („Потами“), Ставрос Теодоракис на настан организиран од неговата партија на Крит.

– Оваа земја страдаше од мнозинството влади. Поголемиот дел од грчкиот народ, независно од тоа дали ќе гласа за нас, Сириза или Нова демократија, сака коалициски влади. Луѓето имаат чувство, кое Ципрас и Самарас го немаат, дека проблемите се толку големи за што ќе треба коалиција од 51 процент, многу голема социјална соработка, заговор на добрите. Луѓето сакаат коалиции, тие сакаат големи и силни влади, истакна Теодоракис.

Тој сепак додаде дека постојат некои „црвени линии“ за такви соработки, меѓу кои и Грција да остане во Европа и нејзината валута да биде еврото.

Лидерот на „Потами“ исто така ја истакна потребата за измени на Уставот и Изборниот закон, за кои вели дека тоа го „искривуваат гласањето“, како и потребата да се укине имунитетот на пратениците и министрите.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес во Грција

(ВИДЕО) Пожар во рафинерија во Грција: Железничкиот сообраќај во прекин, наредена итна евакуација

Горан Наумовски

СИРИЗА: Политиката на соработка со Македонија е замрзната

Италија, Шпанија и Грција со мерки за да го спречат масовниот туризам и бројот на туристите

Предраг Петровиќ

Драма во авионот за Грција: Пијан патник се обидел да упадне во пилотската кабина

Горан Наумовски

Серија земјотреси го погодија Крит