Премногу млеко доведува до дебелеење кај децата

Од:

Според најновото истражување на американски научници, децата од предшколска возраст кои пијат три или повеќе чаши млеко дневно имаат поголем ризик од дебелеење.

Во истражувањето учествувале околу 8.950 деца, на кои во текот на првите четири години од животот им бил следен растот и развојот со честото конзумирање на млеко.

Со анализа на собраните податоци е забележано дека на возраст од четири години поголемото конзумирање на млеко е поврзано со зголемена телесна тежина и височина. Децата кои пиеле четири или повеќе чаши млеко дневно биле просечно за еден сантиметар повисоки од оние кои дневно конзумирале само една чаша дневно. Меѓутоа, забележано е дека овие деца имале дури 16 отсто поголема веројатност за прекумерна тежина.

Имајќи ја предвид моментната ситуација со дебелеењето, истражувачите препорачуваат дека предшколските деца дневно треба да испијат максимум две чаши млеко.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Откриен е страшниот мотив за смртта на цело семејство од Франција

ВИДЕО: Милиони луѓе мислат дека ова бебе е гениј

Ана Ололовска

Децата не сакаат општи прашања

Ана Ололовска

Смислата за хумор се развива во првиот месец од животот

Ана Ололовска

Децата „Алфа“ – новата дигитална генерација

Ана Ололовска

Најчестите митови за единците

Ана Ололовска