САД сметаат дека е автентичен видео записот на Ал Каеда на Арабискиот полуостров (AQAP), на кој организација ја презема одговорноста за нападот на францускиот сатиричен неделник „Шарли Ебдо“ соопшти Стејт департментот.
Портпаролката на Стејт департментот, Мари Харф изјави дека американски официјални лица веруваат дека видео записот е автентичен, но дека официјалните лица ги утврдуваат специфичните аспекти во тврдењето кое AQAP го изнесува на снимката.
-Ние веруваме дека снимката е дело на медиумското крило AQAP. Го анализираме секој нејзин дел. Дали има идеолошко насочување? Или пари? Тоа се специфични тврдења кои ги истражуваме, така што не ја потврдуваме автентичноста на секој дел од записот- додаде Харф.
Е. Г.