Навални ја уништил нараквицата и излегол од домашен притвор

Од:

Алексеј Навални еден од лидерите на руската опозиција рече дека на државата и платил за електронската нараквица која ја уништил во знак на протест поради домашниот притвор.

Овој борец против корупција и голем противник на политиката на рускиот претседател Владимир Путин кон крајот на декември беше осуден на три години условна казна поради измама.

Судот рече дека мора да остане во домашен притвор се до истекување на периодот за жалба. Меѓутоа овој потег на судот Навални го карактеризира како нелегален, поради што ја искинал нараквицата со помош на која властите вршеа контрола дали се наоѓа во домашен притвор.

Тој го напуштил својот дом за да и се обрати на јавноста преку радиото „Ехо на Москва“, каде што рекол дека на федералната затворска служба и платил 10 долари за уништената нараквица.

Е. Г.

Би можело да ве интересира

Американец кој се борел како платеник за Украина е осуден на 6 години затвор

Пратениците на Левица остварија средба во Собранието со рускиот амбасадор Баздникин

(ВИДЕО) Блиска средба: Ф-16 испратен да пресретне руски Су-35 на Алјаска

Руската воздушна одбрана синоќа уништи 125 украински беспилотни летала

Северна Кореја: Американската помош за Украина е „неверојатна грешка и луд чин“

Горан Наумовски

Лавров го предупреди Западот да не се бори до победа со нуклеарна сила

Горан Наумовски