Опел Адам за 2015 со платнен покрив и нов менувач

Од:

Опел претстави нови подобрувања на моделот Адам за 2015 година, а во понуда ќе се најде нов платнен покрив на отворање и автоматизиран Изитроник менувач.

Свинг топ платнениот покрив, претходно беше ексклузивно претставен со кросоверот Адам Рокс, а сега ќе биде достапен и во стандардната изведба на најмалиот модел во гамата на Опел.

Покривот се собира до С столбот за пет секунди и може да се затвори при брзина до 140 километри на час. Целата изведба на покривот е подобрена со цел за подобра звучна изолација.

Опел Адам со покрив на отворање во Германија ќе чини 14.990 евра.

Моделот во 2015 година добива и Изитроник 3.0 менувач со автоматизирана механичка кутија, што нуди повеќе комфорт и поголема доверба.

Опел Адам со 1.4 екоФлекс мотор и Старт/Стоп систем троши 4,76 литри на 100 километри и има емисија на штетни гасови од 109 грама на километар. Опцијата Изитроник во Германија е достапна со доплата од 600 евра. За 2015 година е зголемен и изборот на бои од постоечките 17 на 19 тонови.

Би можело да ве интересира

Летечки автомобил би можел да се најде на пазарот до 2020 година

Емир Латифовиќ

„Голф“ најпродавана марка во Шведска, „Волво“ падна на второ место

Емир Латифовиќ

Моделот „Сузуки Свифт“ за 2017 година ќе има пет врати

Емир Латифовиќ

Ford се откажа од фабриката во Мексико во вредност од 1,6 млрд долари

Емир Латифовиќ

Големите и скапи СУВ модели се побарани во 2016.

Емир Латифовиќ

„Ауди“ во Унгарија произведе милион возила и 30 милиони мотори

Емир Латифовиќ