А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

Кривопаланекчата противпожарна единица во 2014 интервенирала 27 пати

by А1он14/01/2015 - 15:13127
Share0

Терииторијалната противпожарна единица од Крива Паланка изминатата година извршила 27 интервенции на подрачјето на Крива Паланка- информираше командирот на ТППЕ од Крива Паланка, Иле Коцевски.

Добивај вести на вибер

– Од вкупниот број интервенции остварени лани, 26 се интервенции за гаснење пожар на приватен имот, додека во еден случај интервениравме на имот во државна сопственост. Дванаесет од интервенциите на приватен имот се со проценета материјална штета во износ над 10.000 денари, а останатите 14 се со штета под 10.000 денари, додека со пониска материјална штета е и пожарот кој се случил на имотот во државна сопственост, изјави Коцевски.

Коцевски нагласи дека вкупната проценета сума на настаната материјална штета од сите пожари во 2014 година изнесува 870 илјади денари, а при два пожари штетата е непроценета.

– Статистички, изминатите неколку години во општина Крива Паланка се забележува тренд на намалување на бројот на пожари на годишно ниво, што е резултат на поголемата совесност на граќаните, пред се. Инаку, нашата единица е опремена со доволен број возила и стручен кадар и секогаш навремено и совесно си ја извршуваме работата, а лани интервениравме и на пожар во соседна општина Кратово, за гасење на пожар за запалената фабрика „Силпен“, рече Коцевски.

Тој информира и дека од почетокот на 2015 до денес ТППЕ интервенирала на 3 пожари и имале една техничка интервенција за асистирање без употреба на средства за гаснење, при отворање врата на стан каде имало починато лице кое живеело само.

pozar

Би можело да ве интересира

Голем пожар во Романија: Изгореа 32 домови, 300 жители се експресно евакиурани

Горан Наумовски27/04/2026 - 09:4727/04/2026 - 09:47

Пожар зафати 5.000 хектари шума, изгореа 50 куќи

Горан Наумовски24/04/2026 - 09:09

Изгаснат пожарот во Липковско

Катерина Ѓуровски21/04/2026 - 11:29

Пожарот кај „Глажња“ е сè уште активен, екипите продолжуваат со гаснење

Горан Наумовски20/04/2026 - 10:4420/04/2026 - 10:58

Пожар во станбена зграда во Констанца: Десетици се евакуирани, девет лица се во болница

Горан Наумовски15/04/2026 - 22:04

Гори депонија во близина на Арачиново

Горан Наумовски15/04/2026 - 21:4615/04/2026 - 22:07
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто