ПЕН центар со апел против задушување на слободната критичка мисла во Македонија

Од:

Падот од 32 на 123 место од 2009 до сега на рејтингот на медиумиската слобода на изразувањето, според организацијата „Репортери без граници“, е аларманен показател за прогресот на задушувањето на основната алатка на демократските процеси – слободата на говорот, реагира Македонскиот ПЕН центар, изразувајќи длабока загриженост за ваквата состојба.

„Македонскиот ПЕН центар смета дека треба да укаже и на фактот дека бришењето на книжевната критика во дневниот печат во текот на изминатите години претставува ампутирање на стожерен општествен простор за слободна размена на критичката мисла. Исто така, ударот врз книжевните списанија и списанијата од областа на културата пред петнаесет години, како и нивната сè поскудна финанскиска поддршка од година во година, не само што доведе до нивно замирање или живуркање, туку доведе до замирање и на хуманистичкиот и општествено-критички дијалог. Укинувањето на авторски надомест за критичко и есеистичко огласување во периодиката директно ја услови маргинализацијата на критичката мисла на општествената сцена“, се наведува во соопштението.

Имајќи ги предвид состојбите во сферата на слободата на изразувањето, печатот и списанијата, Македонскиот ПЕН центар укажува на важноста од креирање и ревитализирање на домашните книжевни и научни списанија (меѓународни, со импакт-фактор итн.), кои ќе го поддржуваат слободниот развој на домашната книжевна, хуманистичка и научна мисла во непречена меѓународна размена на информации;

Исто така, ПЕН центарот укажува дека усвоениот закон за зголемен данок на хонорарите особено ќе ја погоди токму сферата на слобода на говорот: новинарите (во најголем дел хонорарно вработени), колумнистите, писателите, уметниците, преведувачите, договорно вработените при европски невладини организации, итн., а му се спротивставува на игнорирањето на аргументите на доминантен дел од академската јавност (универзитети, професори и студенти) во постапката на донесување на измените во Законот за високо образование. Од таму се инсистира на изнаоѓање процедури за отворен дијалог и решенија кои нема да ја загрозуваат автономијата на универзитетот и ќе овозможат непречен развој на хуманистичката и научната мисла.

Македонскиот ПЕН Центар апелира на дијалог со македонската интелигенција и писателите за да се надмине кризата на слободната критичка мисла во Македонија.

Би можело да ве интересира

Од Македонија годишно заминуваат околу 2500 високообразувани кадри

Катерина Ѓуровски

Мицкоски најави ваучери за таблети за сите студенти во вредност од 250 евра

Министерството за образование нема да го плати долгот од осум милиони евра за студентски превоз без судска одлука

Катерина Ѓуровски

Бостонската полиција уапси 100 студенти на протестите против војната во Газа

Студентски бунт во Америка, 100 академици уапсени во Колумбија

Студентското собрание го презентираше Студентскиот манифест – неопходно е општествените чинители да се запознаат со итноста од преземање на мерки