Продолжува падот на цените на нафтата

Од:

Цените на нафтата на светските берзи денеска продолжија да се намалуваат, по најавата на водечките нафтни производитли дека нема да ја намалат дневната квота на производство на енергенсот.

Американската „лесна“ нафта за испорака во февруари во електронските тргувања на Њујоршката берза поевтини за 58 центи на 45,31 доалри за барел, додека цената на „брентот“ од Северното Море за истата терминска достава се намали за 54 центи на 46,05 долари за барел.

Според инвестицискиот аналитичар на сингапурската компанија „Филип Фјучерс“, Даниел Анг натамошното поевтинување на „црното злато“ се должи на најавите од Орагнизиаицјата на државите извозничи на нафта (ОПЕК) дека нејзините членки нема да ја намалат дневнната квота за нафтено произведство до следната средба на картелот планирана за во јуни.

Цените на нафтата паѓаат уште од јуни минатата година, но почна забрзано да се намалуваат во ноември кога ОПЕК реши да ја задржи непроменета дневната квота за производство на енергенсот на 30 милиони барели.

Министерот за енегретика на Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ), Сухаил ал-Мазруи вчера соопшти дека ОПЕК не е во можност да го спречи глобалното намалување на цените на нафтата.

Побогатите членки на ОПЕК, меѓу кои и ОАЕ, се залагаат за пониска цената на „црното злато“, со цел од пазарот да бидат потиснати производитлите на нафта од шкрилци, кои имаат поголеми трошоци за производство.

– Не можеме да ги заштитиме цените (на нафтата) и да ги задржиме на одредено ниво. Сведоци сме на огромна понуда на нафта, пред се од шкрилци, и тоа мора да се промени, изјави министерот за енегретика на Емиратите, Сухаил ал-Мазруи.

Би можело да ве интересира

Стојановски: Се очекува утре изутрина да има нормализиран автобуски превоз во Скопје

Горан Наумовски

Поскапува дизелот, цената на бензините останува иста

Цените на нафтата скокнаа за над 8 отсто минатата недела поради ескалацијата на Блискиот Исток

Скокна цената на нафтата поради изјавата за нападот на Иран на Израел

Катерина Ѓуровски

Поевтинува мазутот

Поевтинуваат бензините и дизелот