Бразилскиот национален снабдувач за кафе „Конаб“ соопшти дека оваа година очекуваат жетвата на кафе да даде исти приноси како и минатата, кои поради катастрофалната суша се значително пониски од 2013 година.
-Првите проценки покажуваат дека ќе бидат соберени помеѓу 44 и 46 милиони вреќи од по 60 килограми кафе, што е приближно на родот од минатата година, се наведува во соопштението на „Конаб“.
Бразил со околу 290.000 одгледувачи на кафе, произведува една третина од вкупната количина на кафе во светот.
Е. Г.