Ветеран од Виетнамската војна, осуден на смрт поради убиство на полицаец синоќа е егзекутиран во американската сојузна држава Џорџија. Тоа е прво погубување во 2015 година во САД.
Ендру Хауард Бранан (66), кој 15 години беше во затвор синоќа е усмртен со инекција во затворот Џексон.
Бранан на 28 јануари 2000 година е прогласен за виновен за убиството на 22-годишен полицаец. Тој на 12 јануари 1998 година со неколку истрели од пушка го убил полицаецот Кајл Динкхелар.
Бранан страдал од сериозно психичко заболување – посттрауматски синдром по учеството во Виетнамската војна.
Во 2014 година во САД извршени се 35 егзекуции, најмалку во последните 20 години.