Граничен спор меѓу БиХ и Црна Гора

Од:

Претсавничниот дом на босанскиот Парламент утре треба да се произнесе по Предлог-резолуција со која се бара од Владата во Сараево да го отфрли Предложениот договор за утврдување на границата меѓу Босна и Херцеговина и Црна Гора.

Иницијатор на резолуцијата е пратеникот Денис Беќировиќ, која бара отфрлање на Предлог-договорот, поради одредбата со која реонот околу сливот на реката Суторина во заливот Бока Которска, близу Херцег Нови, се утврдува како црногорска територија.

Беќировиќ во иницијативата наведува дека договорот е „неоснован, неприфатлив и штетен“ и затоа бара поддршка од пратниците за усвојување на неговата Предлог-резолуцијата.

Прашањето околу реонот на Суторина го покренаа неколкумина политичари и прави експерти во БиХ со аргумент дека тој и бил отспапен на Црна Гора во 1947 година во замена за ловиште во долината на Сутјеска близу Фоча, но дека таа размена никогаш не е верификувана во собранијата на двете тогашни југословенски републики.

Реонот на Суторина е стратешки важен за БиХ, бидејќи со него земјата би добила уште еден излез на Јадранското Море, покрај оној кај Неум.

Властите во Подгорица, од своја страна, изразија загриженост поради ваквата иницијатива, оценувајќи дека со тоа повторно би се отворило прашањето за границата меѓу БиХ И Црна Гора.

Во врска со иницијативата, шефот на црногорската дипломатија Игор Лукшиќ вчера имаше средба си амбасадорот на БиХ во Подгорица, Ѓорѓе Латиновиќ, кому ми ја пренел „сериозната загриженост“ на Владата на Црна Гора поради „развојот на настаните околу предложената резолуција“ и изразил очекување дека договорот за границата наскоро ќе биде потпишан.

БиХ и Црна Гора го завршија процесот на разграничување во мај минатата година, по што следеше и парафорање на договорот во врска со меѓусебната граница. Владата на Црна Гора во јуни го потврди Предлог-договорот за државната граница, со кој реонот на Суторина е дел од црногорската територија, согласно утврденото разграничување меѓу двете земји. Советот на министри на БиХ го усвои истиот Предлог-договор лани во ноември.

Би можело да ве интересира

Претседателството на БиХ добило дојава за поставена бомба

Горан Наумовски

Нова семејна трагедија се случи во БиХ: Со бензин го запалил својот брат, жртвата починала во болница

Силно невреме ја погоди Црна Гора: Поплавен е дел од Јадранската магистрала

Одмаздољубива жена е виновникот за принудното слетување на патнички авион во Подгорица

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Во Босна и Херцеговина падна првиот снег

Горан Наумовски

Резолуција за геноцид повторно „затропа“ на црногорската врата

Предраг Петровиќ